Кој ли само можеше да претпостави дека Тиквеш како домаќин нема да го победи Кожуф и така самиот себе си да се стави во екстремно незгодна ситуација по првите две кола. Сега кавадарчани имаат 4 бодова, два помалку во однос на Брегалница. Токму затоа велиме дека составот на стратегот Раде Цицмиловиќ денеска во Кочани на гости кај Осогово, ќе биде под голем, голем притисок, мора да се освојат тие три бода по секоја цена. Се друго освен победа на кавадарчани ќе биде лошо, многу лошо по нив.

Денеска се играат сите пет мечеви во Втората лига – исток, а покрај мечот во Кочани, секако дека интересно ќе биде и во Гевгелија, каде Брегалница му гостува на Кожуф. Јасно е дека тоа ќе биде тешко гостување за штипските “сини“ кои си тераат според планот, можеби играчки не блескаат, ама тоа не треба никого да го загрижува во таборот на Брегалница  Бодови се освојуваат, а тоа е најважно во оваа битка на истокот за пласман во елитата. Победа исто има шест бода во првите два меча, а денеска ќе гостува кај Саса, екипа кој ги бара првите бодови оваа сезона. Росоман на свој терен го дочекува Кит Го, а Плачковица пак се среќава со Слога Виница и ќе оди на првата сезонска победа.

ДВОЈКИ ЗА 3.КОЛО – ДЕНЕСКА 16 Ч

РОСОМАН – КИТ ГО

КАМЕНИЦА САСА – ПОБЕДА

ПЛАЧКОВИЦА – СЛОГА ВИНИЦА

КОЖУВ – БРЕГАЛНИЦА

ОСОГОВО – ТИКВЕШ

ТАБЕЛА

1.ПОБЕДА 6

2.БРЕГАЛНИЦА 6

3.КОЖУФ 4

4.ТИКВЕШ 4

5.СЛОГА (В) 3

6.РОСОМАН 3

7.ОСОГОВО 1

8.КИТ ГО 1

9.КАМЕНИЦА САСА 0

10.ПЛАЧКОВИЦА 0