Првиот човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, кој што сепак, официјално е само советник во „модрите“, даде интересна изјава. Тој рече дека минатата година во Мостар се сретнал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој му поставил интересно прашање.

„Во Мостар се сретнавме со Вучиќ. Околу него 300 луѓе, обезбедување… Проаѓа крај мене, застанува, ме поздрави, зборувавме, ми честиташе за сите успеси во Динамо. Ме праша кога ќе дојдам во Црвена Звезда“, рече Мамиќ и додаде:

„Секогаш ми било чест да ручам со него“, истакна Мамиќ.