Миралем Пјаниќ потпиша четиригодишен договор со Барселона, а откако се опорави од коронавирусот конечно доби дозвола да допатува во Шпанија.

Се очекува во скоро време босанскиот фудбалер да се приклучи на тренинзите на каталонскиот гигант, тој треба да направи нови тестови за да му биде на располагање на Роналд Куман.

Пјаниќ едвај чека да ги запознае новите соиграчи, не крие дека е возбуден што ќе игра со Лионел Меси. Тој пред тамошните медиуми не пропушти шанса да го „пецне“ некогашниот соиграч од Јувентус, Кристијано Роналдо.

 „Секогаш велев дека мојот сон е да играм со Лионел Меси. Сите во Јувентус кои играле со него ми рекоа дека вонземјанец, без дилеми тој е најдобриот фудбалер во светот, ќе дадам се од себе да му помогнам на него и на целиот тим“, порача Пјаниќ.