Вардар ќе им аголемо засилување во тимот за првите возбудувања во Лигата на шампионите. По паузата поради позитивниот тест на Ковид-19 на тренинг денеска се врати капитенот Стојанче Стоилов. По двата позитивни теста, сега Стоилов имаше два негативни теста по што доби дозвола за да се врати во тренинг процес.

Ова е одлична вест за Вардар и за сите навивачи на тимот. Стоилов им се приклучи на соиграчите и комплетниот тим се подготвува за првиот предизвик во Лигата на шампионите. Вардар во вторник патува за Белорусија.