Новата сезона во Премиер лигата почнува во сабота на 12 септември, седум недели откако беше спуштена завесата на сезоната 2019/20 во која за шампион беше крунисан Ливерпул. Поради коронавирусот довршувањето на сезоната беше под знак прашалник, но се најде решение и таа продолжи со што „Црвените“ ја освоија титулата после тридецениско чекање.

Сите нема да почнат овој викенд. Челзи, Вулверхемптон, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед добија неколку денови плус поради настапите во нокаут рундите од Лигата на шампионите. Челзи и Вулверхемптон кампањата ќе ја почнат од понеделник 14 септември, а Јунајтед и Сити на 19 септември. Крајот на сезоната е предвиден на 23 мај, а само неколку денови подоцна почнува ЕУРО 2021.

ФАВОРИТИ

Ливерпул ја освои титулата меѓутоа не е прв фаворит за шампионската титула. Најголеми шанси му се даваат на Манчестер Сити. Челзи направи комплетно реновирање на тимот и се очекува од нив да водат битка за првото место.  Тоа е кругот на главни фаворити за трофејот во најсилната англиска лига, а од позадина чекаат Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Арсенал.

ЧЕЛЗИ ПОТРОШИ ПРЕКУ 200 МИЛИОНИ ЕВРА

Челзи беше најактивен на трансфер пазарот во екот на пандемијата. Додека другите срамежливо трошеа, Челзи потроши дури 223 милиони евра за нови играчи. Каи Хаверц дојде за 80 милиони евра, Тимо Вернер за 53 милиони евра, левиот бек Бен Чилвел за 50 милиони евра, десното крило Хаким Зијеш за 40 милиони евра… како слободни играчи дојдоа бековите Маланг Сар и Тијаго Силва. Одлична екипа има Френк Лампард која може да се надева на прво место.

ЛИДС МОЖЕ ДА БИДЕ ИЗНЕНАДУВАЊЕ

По подолго време ете го и Лидс Јунајтед во Премиер лигата. Јоркширскиот клуб влезе во елитата и со Марсело Биелса на клупата може да направи изненадување. Во Премиер лигата ќе гледаме и Македонец, токму во Лидс игра Езџан Алиоски кој изминатите две сезони беше еден од главните играчи на некогашниот англиски шампион.

ВУЛВЕРХЕМПТОН  Е ПОРТУГАЛСКА КОЛОНИЈА

Вулверхемптон имаше забележителни настапи во Лига Европа, добар пласман во Премиер лигата, а можат да бидат изненадување. Тие „возат“ на португалски мотор. Дури 12 Португалци имаат во своите редови. Толку нема во некои португалски клубови…

ЕВЕРТОН ОСЕТНО СЕ ЗАСИЛИ

Доаѓањето на Хамес Родригез е вистинско освежување во Евертон. Клубот од „Гудисон парк“ предводен од Карло Анчелоти очекува далеку подобра сезона од минатите. Токму Хамес заедно со Алан и Дукуре сините од Ливерпул ќе имаат фантастичен среден ред.

КОМПЛЕТНИОТ РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ

НОВИ ИГРАЧИ

МАНЧЕСТЕР СИТИ
ДОЈДОА: Натан Аке, Феран Торес, Јан Куто
ЗАМИНАА: Лирој Сане, Клаудио Браво, Давид Силва

ЛИВЕРПУЛ
ДОЈДОА: Костас Цимикас
ЗАМИНАА: Дејан Ловрен, Ови Ежариа, Адам Лалана, Натаниел Клајн

ЧЕЛЗИ
ДОЈДОА: Каи Хаверц, Тимо Вернер, Бен Чилвел, Хаким Зијеш, Маланг Сар, Тијаго Силва
ЗАМИНАА: Алваро Мората, Марио Пашалиќ, Данило Пантиќ, Вилијан

МАН.ЈУНАЈТЕД
ДОЈДОА: Дони ван де Бек
ЗАМИНАА: Алексис Санчез

ТОТЕНХЕМ
ДОЈДОА: Мет Доерти, Пјер-Емил Хојберг, Џо Харт
ЗАМИНАА: Кајл Вокер-Петерс, Јан Вертонген, Мишел Ворм

АРСЕНАЛ
ДОЈДОА: Габриел Магаљаеш, Пабло Мари, Седрик Соареш, Вилијан
ЗАМИНАА: Мавропанос, Мхитарјан

ЕВЕРТОН
ДОЈДОА: Алан, Абдулаје Дукуре, Хамес Родригез
ЗАМИНАА: Мартен Стекеленбург, Кајран Доувел, Омар Ниасе, Куко Мартина

ЛЕСТЕР СИТИ
ДОЈДОА: Тимоти Кастањ
ЗАМИНАА: Бен Чилвел, Бартош Капустка, Енди Кинг

ВУЛВЕРХЕМПТОН
ДОЈДОА: Фабио Силва, Маркал, Витиња
ЗАМИНАА: Хелдер Коста, Мет Доерти, Минг-Јанг Јанг

ВЕСТ ХЕМ
ДОЈДОА: Томас Соучек
ЗАМИНАА: Грејди Диангана, Албиан Ајети, Џордан Хаџил, Роберто, Пабло Забалета, Карлос Санчез

ЊУКАСЛ
ДОЈДОА: Џамал Луис, Калум Вилсон, Марк Гилеспи, Џеф Хендрикс, Рајан Фрејзер
ЗАМИНАА: Џејк Тарнер, Џек Колбек

АСТОН ВИЛА
ДОЈДОА: Оли Воткинс, Мети Кеш
ЗАМИНАА: Матија Шаркиќ,Џејмс Честер, Борха Бастон

САУТЕМПТОН
ДОЈДОА: Кајл Вотер-Питерс, Мохамед Салису
ЗАМИНАА: Пјер-Емил Хојберг, Харисон Рид, Седрик Соареш, Маја Јошида

БРАЈТОН
ДОЈДОА: Џоел Фелтман, Јенсен Веир, Адам Лалана, Улрик Ела
ЗАМИНАА: Ентони Нокерт, Арон Муј, Шејн Дафи, Мартин Монтоја

КRИСТАЛ ПАЛАС
ДОЈДОА: Еберечи Езе, Нејтан Фергусон
ЗАМИНАА: Стефан Хендерсон

БОРНМУТ
ДОЈДОА: Арон Ремсдејл, Макс Лоув, Џејден Богл, Вес Фодерингем
ЗАМИНАА: Марк Дафи

БАРНЛИ
ДОЈДОА: Вил Норис
ЗАМИНАА: Џеф Хендрикс, Џо Харт, Арон Ленон

ФУЛАМ
ДОЈДОА: Ентони Нокерт, Харисон Рид, Марио Лемина, Ентони Робинсон, Алфонсо Ареола
ЗАМИНАА: Лука де ла Торе, Магнус Норман

ЛИДС ЈУНАЈТЕД
ДОЈДОА: Родриго Морено, Хелдер Коста, Робин Кох, Илан Меслие, Џо Гелхарт, Џек Херисон
ЗАМИНАА: Вил Хуфлер, Гаетано Берарди, Камил Миазек

ВБА
ДОЈДОА: Грејди Диангана, Матеус Переира, Седрик Кипре, Дејвид Батон
ЗАМИНАА: Џонатан Леко, Нејтан Фергусон, Крис Брунт