Лидс одигра храбро на Енфилд, три пати се враќаше по негатива и се чинеше дека ќе освои бод 3:3, но во финишот Морено направи прекршок за пенал по кој „црвените“ победија со 4:3. „Белите“ од Јоркшир покажаа дека имаат потенцијал, одиграа отворено, па од тука и седумте голови на мечот на „Енфилд“. По мечот Биелса одговараше на прашања на новинарите.

Но бидејќи не знае англиски си имаше преведувач. Тој зборуваше на свој јазик, од страна имаше превод. Во еден момент „лудакот“ му се сврте на „исплашеното“ момче и му се обрати: „Зборувај гласно, зборувај гласно да те чујат сите…“.

Кога Биелса ќе се појави – тоа е шоу. Не за џабе го викаат „лудакот“.