ЛА Лејкерс со триумф над Хјустон (119-96) и вкупни 4-1 се пласира во финалето на Западната конференција, каде ќе се игра со подобриот меѓу ЛА Клиперс и Денвер. Рокетси немаа решение за расположениот тандем на противникот Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, беа елиминирани на експресен начин.

Лошата игра беше повеќе од доволна причина својата оставка да ја достави стратегот на Хјустон, Мајк Д’Ентони, кој по четири години одлучи да го напушти тимот.

Според тамошните медиуми најверојатно ќе се пресели во составот на Филаделфија.