Антонио Конте нема да смета на играчот од средниот ред Кристијан Ериксен следната сезона. Само 365 дена по неговиот ангажман кој беше вистинска трансфер сага минатото лето, Интер и Конте се откажаа од Данецот.

Данскиот играч за врска не го импресионирал Конте со своите способности, а многумина пишуваат дека италијанскиот стратег за него коментирал дека е премногу мрзлив и не е склон да работи без топка. Раководството на Интер е подготвено да го продаде Ериксен, но клубот во моментов нема конкретни понуди за купување.

Според италијанските медиуми, Конте би сакал да го купи играчот за врска на Челзи, Н’Голо Канте, а за ова е подготвен да го жртвува не само Ериксен, туку и Марсело Брозовиќ.