Актуелниот шампион на Англија Ливерпул со многу мака го порази новиот член на елитата Лидс Јунајтед со 4:3 и тоа благодарение на голот на Мохамед Салах од пенал во 88 минута. Египќанецот всушност реализира хет-трик на мечот, два погодоци му беа од белата точка.
На последниот гол Салах се радуваше со тоа што го испружи јазикот и ги стави на ушите како што тоа го правеше неговиот пријател и египетски фудбалер Моамен Закари на кого му е дијагностицирана неизлечива амиотрофична латерална склероза или АЛС што е невролошко заболување на централниот нервен систем.
Салах реализира пенал во 4. минута, потоа од игра за 3:2, како и во финишот од пенал за 4:3.