На првиот натпревар под водство на новиот тренер Андреа Пирло, Јувентус успеа да ја совлада Новара во пријателски меч со убедливи 5:0.

Резултатот го отвори Кристијано Роналдо во 20. минута. Во второто полувреме, играчот за врска Арон Ремзи и напаѓачот Марко Пјаца погодија наизменично во 56. и 66. минута. Во судиското надополнување, напаѓачот Маноло Портанова постигна уште два гола за убедлива победа.