Работнички на големо се подготвува за новата сезона во која најтрофејниот кошаркарски колектив ќе има дополнителен предизвик – учество во АБА 2-лига.

Под палката на Димитар Мираковски „црвено-белите“ во салата „Градски парк“ ја „коваат“ тактиката. Работнички задржа голем дел од играчите од минатата сезона, па воигрувањето ќе биде полесниот дел. Кошаркарите по долгата пауза се гладни за победи и за мечеви, а учеството во АБА 2-лига ќе биде дополнителен мотив.

Кога сме кај мотивите, Мираковски и неговите момци едвај чекаат да почне новата сезона во домашниот шампионатот, во првото коло за противник ќе го имаат тимот на МЗТ Скопје со кого имаат нерасчистени сметки.