Новиот стратег на Јувентус Андреа Пирло е прогласен за најсекси тренер во Серија А. Ова го покажаа резултатите во изборот на сајт за онлајн средби односно сајт за запознавање „Joyclub“. Ако Пирло се уште не дебитирал како тренер во најсилната италијанска лига, сепак, ги освои женските гласачи со својот шарм, едноставност и брадата. 23% од женските членови гласале за него.

На второто место е стратегот на Каљари Еузебио ди Франческо кој освои 15% од гласовите, потоа следуваат тренерот на Беневенто Пипо Инзаги (14%), па Џенаро Гатузо (10,2%), Пауло Фонсека (7,2%), Антонио Конте (6,36%), Роберто Зерби (5,93%), Стефано Пиоли…