По подолго време на тениските теренит ќе го гледаме Рафаел Надал. Шпанецот ќе биде на турнирот во Рим, кој ќе биде увертира за Ролан Гарос.

Надал денеска пред новинарите не можеше да го одбегне прашањето за дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ на УС Опен, тема која и натаму е актуелна.

„Имаше многу пехови, многу ми е жал за него. Немаше среќа, имаше одлична шанса на тој грен-слем турнир. Не би требало да прават вакви работи, за жал несреќни работи се случуваат“, рече Надал.

Доста интересно е што прв противник во Рим на Шпанецот ќе биде Пабло Карењо-Буста, тенисерот против кого играше Ноле кога беше дисквалификуван