За првпат после дисквалификацијата од УС Опен, на кој победи Доминик Тим од Австрија, Новак Ѓоковиќ излезе пред новинарите. Тој во чет со неколку италијански новинари го кажа следното…

“Правилата се јасни. Ја прифатив одлуката и продолжувам понатаму. Како што е така. Сепак не можам да ветам во иднина дека нема повторно да го направам тоа што го направив, или не гарантирам дека нешто слично нема да направам во мојот живот. Да, ќе дадам се од себе да не се повтори, но се е можно во животот“, заврши најдобриот светски тенисер кој поради тоа што ја удри линиската судијка му беше одземено правото да се бори за титулата на УС Опен. И тоа на големо разочарување на бројните фанови, но и негово, како и на неговите најблиски.