Повремениот англиски репрезентативец Џек Вилшир, би можел да се пресели во редовите на Џенова, јавуваат италијанските медиуми.

Екс играчот на Арсенал, пред две години пристигна во Вест Хем, каде што не ја оживеа кариерата пред се поради многуте повреди кои и дефинитивно влијаеа врз него.

Изминатата сезона одигра само 16 меча за Вест Хем, и сега ќе ја заврши оваа епизода, и ќе почне нова во Италија – во тимот во кој настапува Горан Пандев.

Џенова веќе неколку месеци бара играч од средниот ред, а се споменуваше и името на Бобан Николов.