Екипата на Челзи без проблеми ги освои бодовите на гостувањето кај Брајтон во 1.коло од Премиер лигата. „Сините“ победија со 3:1. Во 23 минута новото скапо засилување Тимо Вернер беше соборен во противничкиот шеснаесетник, по што судијата покажа пенал. Жоржињо го погоди голот за водство на „сините“. На почетокот на второто полувреме Тросар го изедначи резултатот, но водството за Челзи го врати Рис Џејмс две минути подоцна со вистинско „торпедо“ од далечина.

Стрелецот на вториот гол асистираше за голот на Курт Зума во 66 минута за конечни 3:1.

За Брајтон дебитираше Адам Лалана но се повреди кон крајот на првото полувреме. За Челзи први официјални минути во Премиер освен Вернер впиша и Каи Хаверц.

СИТЕ ГОЛОВИ ОД НАТПРЕВАРОТ

Standings provided by SofaScore LiveScore