Луис Хамилтон вчера ја освои ГН на Тоскана, забележа уште една победа во Формула 1, но никој не говори за неговиот триумф, туку за маичката која ја носеше на патеката во Мугело, на која имаше посебна порака.

Британецот меѓу првите се вклучи во борбата против расизмот, но се чини дека вчера претера.

Хамилтон кој ги повика останатите возачи во Формула 1 да клечат со него пред секоја трка, вчера веднаш по излегувањето од болидот се пресоблече и облече маичка на која пишуваше – “Некои прифатија, некои не“ ова беше “проблематичниот“ напис.

Секако дека Луис со ова испрати порака да се уапсат полицајците кои влегле во домот на Бријана Тејлор во Кентаки, и тоа во цивил и ја убиле на лице место. Дечкото на Бријана мислел дека се лопови па прв почнал да пука, а овие веднаш вратиле и ја усмртиле Бријана која била медицнска сестра, испукувајќи дури осум куршуми.

Медиумите во Британија реагираат и велат дека Луис со повикот да се апсат полицајци отишол предалеку, и дека ФИА против него ќе покрене истрага, а веројатно ќе добие и казна.