Почесниот претседател на европскиот шампион Баерн Минхен, Ули Хенес, ги обвини Манчестер Јунајтед и Ливерпул дека се обидуваат да го „уценуваат“ клубот во врска со договорот на играчот за врска, Тиаго Алкантара.

Двата клуба од Премиер лигата се поврзани со шпанската sвезда ова лето, откако тој објави дека сака да ги напушти Баварците. Сепак, не е постигнат официјален договор меѓу клубовите, иако 68-годишниот Хенес верува дека двата тима веќе си се договориле за личните услови на играчот.

„Ова е тешка ситуација. Пред извесно време се договоривме за нов четиригодишен договор. Неколку дена подоцна, Тиаго ни рече: „Барам нов предизвик“, што е ок. Мислам дека тој има договор со Ливерпул или Манчестер Јунајтед или и со двата клуба. Сега и двата тима блефираат и никој официјално не контактира со нас. Од моја гледна точка, ова не е нормално. Тие се обидуваат да не уценуваат, чекајќи до последната недела кога ќе дадат ефтина понуда. Во овој случај, Баерн мора да си го постави прашањето: Дали сакаат да се согласат на оваа безобразна игра или ќе му кажат на играчот дека мора да остане“, рече Хенес.