Даниел Аврамовски е промовиран во турскиот прволигаш Кајзериспор. Најдобриот стрелец во изминатиот прекинат шампионат, се одлучи да го напушти Вардар и повторно да почне интернационална кариера.

Аврамовски за прв пат ќе настапува во шампионатот на Турција, а од него имаат големи очекувања. Во новиот клуб ќе го носи дресот со број 96.

Екс играчот на Црвена Звезда и Олимпија, веќе изесен период тренира со Кајзери, а сега се случи и официјалната промоција. Се очекува само да го има и официјалното деби во новиот клуб.