Фудбалерот на европскиот шампион Баерн (М), Кингсли Коман не се појави на денешните тренинзи на баварците, по што стигна информација дека 24-годишниот напаѓач имал контакт со лице од неговата околина кое било заразено со коронавирусот и во согласност со барањата на Институтот „Роберт Кох“ оди во домашна изолација.

Тестот за Ковид-19 извршен врз него во неделата имаше негативен резултат, но Коман ќе мора да помине две недели во карантин. Како што соопштија од Баерн, тој ќе ја одржува формата со онлајн тренинзи.