Борусија Дортмунд ја совлада Дуизбург со 5:0 и се пласира во 2.коло на Купот на Германија. За „милионерите“ настапија дури четворица играчи кои се родени во Англија. Едниот од нив, новакот Џад Белингем како дебитант ја затресе мрежата во 30. минута.

Со тоа Белингем со 17 години и 77 дена стана најмладиот стрелец во 110 годишната историја на Борусија од Дортмунд.

„Ова е голема чест за мене. Среќен сум добив шанса да играм за овој клуб“ изјави Белингем кој ова лето пристигна во Дортмунд од редовите на Бирмингем Сити.