Белгиски Гент е последниот вечерашен тим кој обезбеди место во последната квалификациска рунда до групната фаза од Лигата на шампионите. Белгијците на својот стадион обезбедија победа од 2:1 против австриски Рапид и се пласираа во плеј-оф колото.

Головите за домашните беа дело на Дорш во 36. минута и на Јармчук од пенал во 59. минута, додека гостите намалија во судиското надополнување со еден прекрасен погодок на Демир.

Во плеј-оф рундата, Гент за противник ќе го има Динамо (К), кој порано денеска го победи АЗ Алкмар.