Барселона ќе добие нов фудбалер, а тоа е напаѓачот на Лион Мемфис Депај. Шпанските медиуми пишуваат дека играчот ги договорил личните услови со Барселона, а холандските додават дека трансферот ќе биде завршен до крајот на оваа недела.

Новиот тренер Роналд Куман има потреба од нови играчи за да го состави својот проект, а Депај е еден од нив. Барселона ќе плати 25 милиони евра веднаш и уште 5 милиони наредната сезона, а уште два милиони евра во форма на бонуси.

Депај играше за ПСВ пред да отиде во Манчестер Јунајтед каде што тотално се изгуби. Од таму замина во Лион каде што се препороди и ја врати формата од претходно. Па затоа и стана интересен за многу клубови меѓу кои и Барселона.

За холандскиот национален тим Депај има 54 настапи и 19 голови.