Фудбалерите на Динамо Киев се први патници во плеј-оф рундата од Лигата на шампионите, откако вечерва на својот стадион со 2:0 славеа против холандски АЗ Алкмар и обезбедија место меѓу екипите кои ќе разигруваат во последната рунда до групната фаза во најквалитетното фудбалско натпреварување на Стариот континент.

Момците на Мирчеа Луческу беа поснаодливи од гостите и ги искористија своите шанси за победа. АЗ Алкмар делуваше подобро во првото полувреме, но ниту една од шансите кои ги создаде не успеа да претвори во гол. Казната дојде на стартот на вториот дел кога Жерсон го отвори резултатот за водство на домашните од 1:0.

Во финипшот на средбата со голот на Шапаренко, Динамо само ја потврди победата, а АЗ Алкмар промаши 100% шанса веднаш потоа за да намали на 2:1.