Бесарт Ибраими, најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ со 170 голови, сега посакува да го зголеми билансот на постигнати голови и во фудбалска Европа. Оној гол, втор за Шкендија на гостувањето кај Сумгаит во 1.квалификациско коло во Лигата на Европа, беше 15-ти на Бесарт за Шкендија во Европа. Секако дека тој и во сегмент е еден од нашите најдобри стрелци, па така ако сакаат тетовци да ја минат оваа романска пречка и да се пласираат во следната фаза, Бесарт мора одново да прорабори.

Инаку Бесарт Ибраими во Шкендија дојде летото 2015 година, и тогаш на двомечот против Абердин не стрелаше, но затоа од 2016 година тоа лето, па до ова Бесарт редовно ги тресе мрежите на ривалите на неговиот тим.

Свој ден имаше на дуелот со ТНС кога во победата од 5:0 учествуваше со четири голови, а хет- трик даде на дуелот со Хелсинки во Струмица, кога Шкендија победи со 3:1.

ПРОТИВ КОГО ИБРАИМИ “ТРЕСЕШЕ“

ШКЕНДИЈА – Краковија 2:0 (1)

Краковија – ШКЕНДИЈА 1:2 (1)

ШКЕНДИЈА – Нефчи 1:0 (1)

Гент – ШКЕНДИЈА 2:1 (1)

ШКЕНДИЈА – Дачија 3:0 (1)

ШКЕНДИЈА – Хелсинки 3:1 (3)

ШКЕНДИЈА – Тракаи 3:0 (1)

ШКЕНДИЈА – ТНС 5:0 (4)

ШКЕНДИЈА – Шериф 1:0 (1)

Сумгаит – ШКЕНДИЈА 0:2 (1)