Искусниот српски дефанзивец Бранислав Ивановиќ потпиша договор со новиот англиски премиерлигаш Вест Бромвич Албион.

36-годишниот српски фудбалер има едногодишен договор со клубот. Ивановиќ ќе игра за Вест Бром со број 20 и ќе биде големо засилување во последната линија од одбраната.

На 29 јули, Ивановиќ го напушти Зенит по истекот на договорот. Инаку, Србинот своето деби може да го има веќе во 2. коло на средбата против Евертон.