Место да се бори за висок пласман, за место во Европа, се чини дека и оваа сезона Академија Пандев ќе мора да се мачи како да го избори опстанокот. Ако денот по утрото се познава, тогаш овој клуб ќе си има големи проблеми сезонава. Имено на тие пет меча од стартот на сезоната освоени се само три бода, премалку за тим и клуб кој е проектиран за големи нешта. По лошите резултати оставка вчера си поднесе Александар Таневски. И тој, како што самиот истакна, сноси голема оговорност, и така е. Но дали само тој е единствениот виновник, или Југослав Тренчвски кој беше пред него, а и сега е како в.д. за таа навистина катастрофална црна серија со само една победа од октомври па наваму. Замислете, тимот на Академија Пандев во ПМФЛ од октомври па до сега има само една победа.

И јасно е дека ако не се само тренерите виновни, ако во клубот е се средено како што треба, на што инсистира газдата Горан Пандев, тогаш голем дел од вината, ако не и најголем, сносат самите играчи. Реално и да немаш добар тренер, па и да играш без тренер, играчи како Стоилов, Димов, Радески, Маркоски, Серафимов и останатите, кои се актуелни или потенцијални репрезентативци, мора да имаат подобри резултати.Играчи како Маркоски, Стоилов  Радески, и кога тимот игра лошо, тие можат и мораат со својот индивидуаелен квалитет да ги донесат тие три бода, да ја донесат победата, да го издават тимот од “калта“ што се вели. А тие ниту играат на тој начин, ниту пак играат на било каков начин.

Треба да се погледнат во очи и да кажат, да и ние сме виновни, го носиме дресот на клубот кој не заслужува вакви игри, вакви резултати.

Лани Академија Пандев според имињата објективно го имаше најсилниот состав во ПМФЛ после Шкендија, а ако не беше прекинот тој тим можеше и да испадне од лигата, оваа сезона ништо ново, уште полошо е што се вели.

Затоа сите играчи на Академија Пандев, а посебно оние горенаведените треба да си стават прст на чело и да си кажат дека вака повеќе не оди, мора да почнат да играат фудбал, она што и тоа како добро го знаат.