После бомбастичната вест од Шпанија, дека Реал Мадрид влегува во трката за Лаутаро Мартинез и дека ќе го „украде“ на Барселона пред нос, сепак, од тоа се чини нема ништо. Избори блиски до Интер тврдат дека клубот и фудбалерот постигнале договор Аргентинецот да остане уште најмалку една сезона.

Исто така од клубот негирале и преговори со Реал Мадрид.

Претходно Барселона беше заинтересирана за него, но се чини дека до трансфер во Шпанија нема да дојде. И самиот Мартинез истакнал желба да игра во тимот на Меси. Меѓутоа, се чини, ќе остане во „нероаѕурите“ барем до 2021 година, а потоа…?