Некогашниот напаѓач на Баерн Михен, и Перуански интернационалец Клаудио Пизаро е назначен за промотор на клубот ширум светот. Со новата функција Пизаро ќе има за задача да лобира и биде заштитно лице на „Баварците“ на најразлични ивенти и збиднувања.

Со ваков статус во моментов се и Џовани Елбер, Биксент Лизаразу и Лотар Матеус.

Пизаро мина девет сезони во тимот на Баерн.