И Барселона не остана имуна на коронавирусот. Алармот во екипата е вклучен откако Алекс Пасквал, левото крило на Барса добил позитивен тест. За среќа на неговите соиграчи, тој немал контакт со нив во изминатите денови.

Тој оди во изолација, а заедно со него и неговиот татко Чави Пасквал, кој е тренер на Барса. Иако тестот на тренерот на каталонците бил негативен, тој сепак поради блиските контакти со синот мора да оди во изолација и нема да патува со екипата на мечот со Мотор во ЛШ.