Шкумбин Ќормемети, во моментов се чини еден од нашите најодбри менаџери е главниот “архитект“ на трансферот на Ведат Муричи од Фенербахче во Лацио. Вест на денот во Италија е дека “лацијалите“ се засилија со најдобриот фудбалер на Косово, и дека  трансферот “тежи“ околу 20 милиони евра. А за тоа “вина“ има токму Шкумбин Ќормемети, родум од Дебар, некогашен фудбалер на Балкан.

Инаку Ќормемети веќе долго време е во овие “менаџерски води“, а трансферот на Муричи веројатно му е еден од најголемите во неговата менаџерска кариера.

Колку за потсетување, Муричи како фудбалер на Лацио, на 8 октомври ќе дојде во Скопје и ќе се обиде да ни даде гол на историскиот дуел меѓу Македонија и Косово.