Неколку поранешни фудбалери во Премиерлигата, во анализа од првото коло истакнаа дека Жозе Мурињо би можел наскоро да добие отказ, но не поради слабиот старт и поразот од Евертон на домашен терен, туку поради изјавите по мечот.

Мурињо по натпреварот истакна дека е разочаран, и ги нападна играчите дека биле мрзливи, и дека самите си направиле огромен притисок.

„Тие изјави на Мурињо може да донесат бомба во соблекувалната. Кога јас играв, многумина тренери не сакаа да зборуваат лошо за играчите, затоа што знаеја дека тоа ќе им се одбие од глава. Кога го чув Мурињо, веднаш помислив дека тоа ќе се случи. Сигурно дека таа изјава ќе влијае врз играчите“, вели поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Марк Боснич.

Бен Дејвис, играчот на Тотенхем, пак, негираше дека играчите биле мрзливи.

„Секој го даде најдоброто на теренот. Не се сомневам во моите соиграчи“, рече Дејвис.