Ник Нурс потпиша нов повеќегодишен договор со Торонто Репторс, со што ги потврди гласините дека Репторс се задоволни од него и имаат намера уште долго да фунционираат заедно.

„Торонто е мојот дом во последните седум години и се надевам на тоа уште долго време. Гледав како франшизата расте и го достигнува својот врв. Се надевам на предизвик што ќе ни помогне да освоиме уште една шампионска титула”, изјави и официјално најдобриот тренер во НБА за 2020 година.

Финансиските детали за договорот не се објавени.