Грчки ПАОК обезбеди место во плеј-офот во Лигата на шампионите по вечерашната победа од 2:1 против Бенфика. На мечот во Солун, Грците повеќе ја посакуваа победата и со головите на Вертонген (автогол 63’) и на Живковиќ (75’) дојдоа до посакуваната предност за победа и за место во последната рунда до групната фаза.

Во судиското продолжение Бенфика преку Силва само намали на 2:1.

Оваа победа избраниците на тренерот Абел Фереира ги носи на меч со Краснодар од кој зависи нивното место во групната фаза од ЛШ на УЕФА.