Герет Бејл речиси сигурно дека следната сезона ќе ја мине во дресот на Манчестер Јунајтед. Тој наводно се согласил да замине на позајмица на „Олд Трафорд“ од Реал Мадрид. Бејл одбива да го напушти Реал со перманентен договор, бидејќи си ги бара парите до крајот на договорот, а тие се по 15 милиони евра од сезона.

Затоа веројатно се согласил да премине во Јунајтед како позајмен, со тоа што останува двата клуба да се договорат околу платата.

Од Манчестер се надеваат дека ќе успеат да „извлечат“ уште 2-3 добри сезони играње од Велшанецот кој и во минатото се поврзуваше со трансфер на „Олд Трафорд“.

Според „Тајмс“, сега е најголема шансата Бејл да се врати на Островот, и да го облече дресот на Јунајтед. Ако тоа се случи, тогаш пропаѓа трансферот на Џејдон Санчо, откако Борусија Дортмунд не отстапува од бараната сума од 100 милиони, а Манчестер дава нешто околу 80 милиони.