Лацио денеска и официјално го потврди трансферот на косовскиот репрезентативец, Ведат Муричи. Муричи се сели во Рим од Фенербахче за сума од 20 милиони евра.

„Бјанкочелестите“ денеска го потврдија трансферот, истакнувајќи дека во Муричи добиваат исклучително засилување во нападот. Централниот напаѓач кој во октомври ќе го предводи Косово на мечот со Македонија во Скопје во Лигата на нации, се сели од Истанбул во Рим по една извонредна сезона со 15 погодоци на 32 натпревари.