Со дресот со број осум, Босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ следниот период ќе биде дел од Барселона.

ОФанзивецот и официјално претпладнево беше претставен на Ноу Камп, во придружба на претседателот на клубот, Бартомеу.

Ова е еден од најголемите трансфери на еден Босански фудбалер во историјата, и секако голем настан за фудбалот во оваа земја. Пјаниќ доаѓа во Барса во многу специфичен период кога певирањата во клубот се на максимум и кога има доста прашања за решавање. Тој многу веројатно ќе дебитира уште утре на пријателскиот меч против Гирона.