Нема шега со короната. Лоши вести доаѓаат речиси од сите клубови во Европа. Па така попладнево од Унгарија веста дека тренерот на МОЛ Фехервар, Габор Мартон, инаку клуб каде што играат нашите репрезентативци Бобан Николов и Висар Муслиу, е позитивен на тестот на Ковид-19. Добра вест е што Боби и Висар се негативни, но ќе мораат унгарците на Малта, на мечот со Хибернијанс од Лигата на Европа во четврток, да играат без својот шеф.

Инаку ново  во Спортинг Лисабон, во тимот на нашиот Стефан Ристовски, е тоа што бројката на заразени од коронавирусот се зголеми на седумина, тука не се брои и главниот доктор на тимот. Исто така среќа што Ристовски не е меѓу нив, но денеска одново се направени корона тестови. Поради ова домашните мечеви на Спортинг Лисабин се одложени, но не и оној во европскиот во Лига на Европа. УЕФА инсистира дуелот на 24 септември португалскиот гигант да го игра по секоја цена.