Како што се известува од таборот на Дрита, стратегот на шампионот на Косово Ардијан Нухиу, во комплетен состав ќе ја донесе својата екипа во Скопје на мечот со Силекс во рамките на 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Имено попладне Дрита ги добила резултатите од Ковид-19 тестот, и на сите играчи, целиот стручен штаб и раководството на клубот, истите биле негативни.

Да потсетиме, мечот Силекс – Дрита се игра во четврток од 20 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, се разбира без присуство на гледачи.