Југослав Тренчовски повторно ќе седне на клупата на Академија Пандев, откако Струмичани се разделија со Александар Таневски. Серијата лоши резултати доведоа до повторна смена на кормилото на Академија Пандев, а „пожарот“ повторно ќе го гаси Јогослав Тренчовски.

Тој дефинитивно ќе го води клубот во следните две кола од домашниот шампионат, против екипите на Шкендија на гости, односно Силекс на домашен терен.

Потоа следува повторно пауза во шампионатот поради репрезентативните активности, а тоа е клучниот период за Пандевци. Ќе мора да се пронајде трајно решение за тренерското место, а тука најсериозен кандидат е поранешниот Македонски селектор Мирсад Јонуз.

Тој би требало во следниот период дефинитивно да ја скенира екипата, да процени со што евентуално би располагал при евентуално дефинитивниот ангажман во Академија Пандев и со своето искуство и тренерски квалитет да проба да ја поправи оваа засега очајна сезона за еден од најквалитетните барем на хартија тимови во нашиот шампионат.