Емилиано Мартинез, голманот кој што бранеше за Арсенал во финишот од минатата сезона, и кој беше „виновник“ за освоениот ФА Куп, си најде нов клуб.

Нему му здодеа да биде втор голман во сенка на Лено, и затоа се реши да ја земе „единицата“ на Астон Вила.

Дали заминувањето на Мартинез ќе отвори шанса за Дејан Илиев, кој што веќе долго време чека шанса за „топџиите“, а во последните две сезони беше позајмуван во Серед и во Јагелонија. Покрај Лено и Илиев, Арсенал го има и Мат Мејси.