Тренерот на Хајдук, Хари Вукас, на официјалната прес-конференција пред дуелот со Ренова, ги истакна своите очекувања од мечот. Тој истакна дека противникот е константен тим, кој добро се познава меѓу себе, но очекува триумф.

„Презадоволен сум од гостопримивоста. Претпознатлива работа се голем број на навивачи на Хајдук. Сепак, ние сме дојдени за мечот со Ренова, и мислам дека сме фаворити и треба да се наметнеме од првиот момент. Добро ги анализиравме нивните мечеви. Ренова е константен тим кој добро се познава меѓу себе. Главен играч им е Гавазај, многу работи се вртат околу него. Треба да играме трпеливо, агресивно и што побрзо да го доведеме мечот во наша корист“, рече Вукас. 

Тренерот на Хајдук даде коментар за новото засилување Јани Атанасов.

„Што е тука со нас, нема дилеми дека станува збор за квалитетен играч. Мотивација за европски меч не е потребна, самиот факт што е европски меч е за нас мотивација. Верувам во мојот тим, во она што можеме да го одиграме. Македонскиот шампионат е понеквалитетен од хрватскиот“, заклучи Вукас. 

Вукас минатата година беше во Скопје како тренер на Зрински, и имаше успех во дуелот со Академија Пандев.