Капитенот на Ренова, Арџент Гафури истакна дека неговиот тим и неговите соиграчи влегуваат мотивирано во утрешната пресметка со Хајдук, со надеж дека ќе го совладаат големиот фаворит, и ќе направат изненадување.

„Хајдук е фаворит на овој натпревар, но ние нема сигурно да се предадеме така лесно. Очекувам сите да бидеме мотивирани, да дадеме се од себе и да стигнеме до позитивен резултат“, рече фудбалерот на „гипсарите“ на денешната прес-конференција.