Напаѓачот на ПСЖ, Анхел Ди Марија може да добие суспензија од шест натпревари поради плукање противнички играч на натпреварот од 3. коло на францускиот шампионат против Марсеј (0:1).

Според „Дејли мејл“, Ди Марија може да биде казнет за плукање кон дефанзивецот на Марсеј, Алваро Гонзалес, што исто така претставува кршење на протоколот за коронавирус.

На крајот од натпреварот дојде до расправија меѓу играчите на двата тима при што ПСЖ добија три црвени картони. Нејмар кој исто така беше исклучен, инцидентот го објасни како реакција на расна навреда од неговиот противник.