Зекирија Рамадан е нов тренер на Приштина. После успешната авантура со Фероникели пред две години кога стана првак на Косово, сега го превзема најголемиот клуб во оваа земја.

„Ова е вистинскиот клуб за мене. Летово имав пондуи и од други клубови од Косово и Македонија, но знаев дека Приштина се интересира, и ја чекав шансата. Конечно, ја добив можноста да го водам најголемиот клуб во Косово и сум среќен за овој нов предизвик“, изјави за „Спортмедиа“, Рамадан.

Фероникел со него на клупата стана шампион пред две години во Косово. Во Македонија беше тренер на Шкупи, клуб кој по негово раководство по долга пауза излезе на меѓународнат сцена.