Младиот напаѓач на Интер пред 15-тина дена беше продаден на Џенова за 19,5 милиони евра, а сега „нероаѕурите“ одлучиле да го вратат назад на „Џузепе Меаца“ за иста сума. Овој млад фудбалер минатата сезона ја помина на позајмица во Џенова со тоа што овој клуб имал обврска да го откупи за 19,5 милиони евра и тие на 1 септември го направиле тоа.

Меѓутоа во договорот има една „цака“, Интер го задржал правото да го откупи 21-годишниот напаѓач за истите пари за кои го продал. А според пишувањата на италијанските медиуми и ќе го направи тоа.

Пинамонти ќе биде заедно со Мартинез и Лукаку во напаѓачкиот ред на Интер за новата сезона. А „нероаѕурите“ на повратникот во екипата ќе му понуди плата од 3 милиони евра на годишно ниво.