Тренерот на Ренова, Бујар Ислами пред утрешниот меч со Хајдук ги искажа своите очекувања од мечот. Тој смета дека е многу важно како неговите играчи ќе влезат во мечот на психолошки план.

„Не треба да се трошат зборови за Хајдук, тие доаѓаат тука како фаворити. За нас е многу важно психолошки стабилно да влеземе во натпреварот, и во таа насока се подготвувавме. Најглем фактор е психолошкиот. Нормално дека се подготвувавме и на тактички и на физички план, но ние немаме проблем со тоа. Ако го исполниме планот, ќе немаме проблем да се спротивставиме како што планираме“, вели Ислами кој додава дека ќе бара од неговата екипа да игра офанзивно. 

„Како екипа форсираме офанзивен фудбал. На утрешниот меч ќе се обидеме да се поставиме така. Направивме анализа. Поседуваат индивидуален квалитет, и со еден потег може да решат меч. Прекините се многу важни. Ние ќе се обидеме тие мали детали кои ќе бидат недостаток кај нив да ги искористиме“, рече Ислами.