Серија „А“ ќе се игра со публика од средината на октомври. Наводно италијанската фудбалска федерација веќе пропишала протоколи со кои публиката ќе се врати на стадионите.

Забрането ќе биде собирање пред стадионите, а во јавниот превоз задолжителни ќе бидат дистанци и заштитна маска.

На стадионот меѓу столчињата ќе мора да има дистанца од 2,25 метри, и задолжително носење на маска.

Документот од федерацијата ќе треба сега да го разгледа италијанската влада која треба да донесе конечна одлука. Проблемот е само како ќе се стигнува на стадионот, а веројатно ќе биде препорачан сопствен, наместо јавен превоз.