Француски „Л‘Екип“ во денешното издание објавува дека Лион и покрај сите најави и шпекулации за транфер на Мемфис Депај во Барселона, сепак, сеуште нема добиено официјална понуда за напаѓачот.

Она што е дефинитивно дека има интерес но засега, искусниот крилен играч кој има фантастичен период зад себе засега е дел од Лион. Дали Барселона поофанзивно ќе тргне во следните неколку дена и ќе испрати официјална понуда останува да се види, но времето минува, а во Барселона не е само Депај тема, туку многу прашања се отворени. Суарез засега не заминува, иако Куман не го планира за следната сезона, а Депај доколку пристигне нормално дека ќе треба да има клучна улога во нападот.