Новите возбудувања во Лигата на шампионите почнуваат денеска, за нас Македонците, покрај Вардар 1961 во центарот на вниманието ќе бидат и Кирил Лазаров, Дејан Манасков и Никола Митревски.

Посебно место во најелитното европско клупско натпреварување има капитенот на македонската репрезентација. Тој е вистински страв и трепет за сите противнички голмани и одбрани, а за тоа говори и бројката од 1.322 постигнати голови во Лигата на шампионите, што пак го прави најдобар стрелец во историјата.

Со оглед на оваа висока бројка на погодоци и најавите за завршување на неговата кариера по крајот на оваа сезона, нашата гордост од ЛШ моќе да се прости како најдобар стрелец. Македонскиот „бомбардер“ го носеше дресот на бројни европски гиганти во изминатите дваесетина години, а притоа стигна и до една титула во ЛШ, како член на Барселона.